Солберг: Ова е проблем, два месеци ја анализираме Чешка, а сега треба да играме со Македонија

Шведскиот селектор Глен Солберг не крие дека е разочаран од промената во последен час во групата, откако Чешка се повлече и отвори место за Македонија да стане дел од светскиот шампионат.

И самиот Солберг се соочи со главоболки поради отсуствата на дури девет ракометари, но шведскиот селектор со мислите е целосно насочен кон македонскиот национален тим, со кого ќе ги одмери силите утревечер со почеток во 20.30 часот.

„Ова е проблем, секогаш најмногу се анализира првиот противник, па ние два месеци се подготвувавме за Чешка. Дојдовме овде во Каиро знаејќи дека ќе играме со Чешка, а потоа два часа подоцна дознаваме дека ќе играме со Македонија. Сега имаме помалку од два дена за да се подготвиме за овој ривал. Знаеме дека офанзивно е поквалитетен од Чесите, но ќе треба добро да го изанализираме и да се подготвиме“, изјави Солберг.

Се вчитува...