Солидна партија на Димитријевиќ во новата победа на Уникс Казањ

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ стигнаа до нова победа во руската ВТБ лига откако денеска славеа на домашен терен против Минск со убедливи 101-81.

Домаќините сите дилеми околу победникот ги разрешија во првото полувреме кое го добија со убедливи 51-33. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот за конечни 101-81.

Нашиот репрезентативец поради големата разлика на теренот се задржа само 16 минути во кои запиша 11 поени.

Се вчитува...