Солскјер до Рашфорд: Учи од Кристијано Роналдо

Маркус Рашфорд презеде огромна одговорност земајќи ја топката за да го шутне клучниот пенал во Париз, со што 21-годишниот напаѓач покажа дека е подготвен за најголеми предизвици. Оле Гунар Солскјер сепак верува дека Рашфорд треба уште многу да работи и да напредува, советувајќи го англискиот репрезентативец да учи од Кристијано Роналдо.

„Сите го знаеме Рашфорд, дава евроголови и има извонреден шут. Кога ќе се вратам наназад, и Кристијано Роналдо даваше слични голови за Јунајтед, но Португалецот стана комплетен играч кога почна подобро да се снаоѓа во шеснаесетникот, да се наоѓа на вистинско место во вистинско време и да дава „лесни голови“. Тоа е она што Рашфорд треба да го научи од Кристијано, движењето во шеснаесетникот и начинот на кој им бега на дефанзивците. Доколку го стори тоа, тој би имал барем пет до десет гола повеќе секоја сезона. Веќе разговарав со Рашфорд на оваа тема, му укажав на што треба да работи“ – истакна Солскјер.

Рашфорд заедно со Ромелу Лукаку ќе биде главен адут на Солскјер и на утрешното дерби против Арсенал, директна битка за четвртото место на премимерлигашката табела.

Се вчитува...