Солскјер го одреди првото засилување за Јунајтед

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, имаше фантастичен старт на кормилото на „црвените ѓаволи“. Тој почна со убедлив триумф (1-5) над Кардиф на гостински терен, а веќе размислува и засилувањата што би можеле да пристигнат на „Олд Трафорд“ во зимскиот преоден рок. Мисијата е јасна, да се стигне до четвртата позиција која носи во Лигата на шампионите и следната сезона.

Солскјер сака да ја засили одбраната, а го „пикира“ Џош Кинг, дефанзивецот на Борнмут, кој е всушност дете на Манчестер Јунајтед. 25-годишниот Кинг игра одлично оваа сезона, скаутите на клубот веќе ги имаат скенирано неговите настапи, а Солскјер сака да го врати за сума од 25 милиони фунти.

За Џош Кинг постои интерес и од Тотенхем, но сигурно дека понуда за враќање на „Олд Трафорд“ за него би била исполнување на сонот.

Се вчитува...