Солскјер го убедува Вудворд: Ќе пристигне ли Џејдон Санчо на „Олд Трафорд“?

Манчестер Јунајтед се обидува да избори пласман во Лигата на шампионите следната сезона, тоа е многу важно за економската ситуација на клубот, но и за засилувањата кои би пристигнале на „Олд Трафорд“. Најголемата желба на менаџерот Оле Гунар Солскјер е младата англиска ѕвезда Џејдон Санчо кој го носи дресот на Борусија Дортмунд. Норвежанецот успеал да го убеди извршниот директор на „црвените ѓаволи“ Ед Вудворд со сите сили да тргне по потписот на Санчо доколку клубот успее да обезбеди пласман во ЛШ.

Борусија Дортмунд бара 120 милиони евра отштета за одличниот офанзивец, а пред три години го доведе за помалку од десет милиони евра откако тој одлучи како младинец да не ја чека својата шанса на „Итихад“ во тимот на Пеп Гвардиола.

Солскјер сака да формира фантастичен квартет, да го приклучи Џејдон Санчо на триото Рашфорд – Марсијал – Гринвуд и од следната сезона повторно да ја врати шампионската магија на „Олд Трафорд“. Доколку биде реализиран овој супертрансфер, тогаш Манчестер Јунајтед веројатно ќе се откаже од намерата да го купи Џек Грилиш од Астон Вила.

Се вчитува...