Солскјер го вклучи алармот по поразот од Челси – Подготвени се 120 милиони евра за Џејдон Санчо

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, подготвува 120 милиони евра како во своите редови би го довел фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, пренесуваат англиските медиуми.

Оваа одлука Солскјер ја донел по вчерашниот пораз од Челси во ФА купот од 1-3, бидејќи не е задоволен од изборот кој го има на десната крилна позиција. Џејдон Санчо сезонава беше еден од најдобрите фудбалери во Борусија Дортмунд. Тој за „милионерите“ сезонава во Бундеслигата запиша 32 настапи на кои постигна 17 гола и забележа 16 асистенции.

Манчестер Јунајтед до крајот на сезоната имаат задача да обезбедат пласман меѓу четирите најдобри во Премиер-лигата како би можеле да бидат дел од Лигата на шампионите следната сезона.

Се вчитува...