Солскјер ќе добие долгорочен договор во Манчестер Јунајтед

Норвешкиот стратег Оле Гунар Солскјер ќе остане долго на „Олд Трафорд“. Тој го препороди тимот, оствари 10 победи на 11 натпревари и раководството на Манчестер Јунајтед подготвува долгорочен договор за него. Солскјер при доаѓањето како наследник на Жозе Мурињо стави потпис на верност до крајот на сезоната, но воодушеви со системот на работа и го воскресна тимот.

„Црвените ѓаволи“ изминатиов викенд славеа на гости против Фулам со 0-3, Солскјер ја врати самодовербата кај фудбалерите, а потоа и доби повик за состанок со Аврам Глејзер, кој му најавил дека клубот сака да го задржи многу подолго на менаџерската позиција.

Манчестер Јунајтед за првпат влезе во Топ 4 во Премиер – лигата и сега реално се надева на пласман во ЛШ и следната сезона. Во елитното натпреварување се наоѓа во осминафиналето и ќе се сретне со Пари Сен Жермен. Првиот меч се игра на 12. февруари на „Олд Трафорд“, а реваншот е на 6. март на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...