Солскјер контра Мурињо: Јунајтед мора да игра напаѓачки фудбал!

Манчестер Јунајтед постигна пет погодоци на првиот натпревар под водство на Оле Гунар Солскјер, а напаѓачкиот стил на кој инсистира новиот стратег е дијаметрално спротивен на оној што го практикуваше неговиот претходник Жозе Мурињо. И додека Португалецот се грижеше за одбраната и не им даваше слобода на напаѓачите, Солскјер веднаш стави до знаење дека нема да ја повтори неговата грешка.

„Јунајтед мора да игра напаѓачки, таа филозофија е вкоренета во нашиот клуб, тоа е традиција што нема да ја менувам. Сакам да играме токму така, со што повеќе напади и шутеви кон противничкиот гол. Кога го отворивме резултатот не застанавме, туку само продолживме, па дадовме уште еден, и уште еден…. Мечот со Кардиф беше пример како треба да играме, се надевам дека ќе продолжиме во ист стил и на наредните натпревари“ – изјави Солскјер.

„Црвените ѓаволи“ ќе имаат можност да продолжат со ефикасен фудбал на утрешниот дуел на „Олд трафорд“ против Хадерсфилд, еден од најслабите тимови во Премиер-лигата.

Се вчитува...