Солскјер: Можевме и да победиме, ама ни снема време (ВИДЕО)

Манчестер Јунајтед и Оле Гунар Солскјер се соочија со прекин на успешната серија по доаѓањето на Норвежанецот на кормилото на клубот. Против Барнли, во 24. премиерлигашко коло Јунајтед мораше да се враќа по негатива од 0-2 и да спасува бод. Сепак, менаџерот вели дека е суперзадоволен од борбениот дух што го покажале неговите играчи, само жали што тоа го направиле предоцна.

„Начинот на кој што играчите се вратија беше фантастичен. Среќни сме со бодот, можевме да освоиме и три, ама ни снема време, доцна влеговме во вистинскиот ритам. Но, ете го добивте одговорот на прашањето дали можеме да се вратиме по негатива од еден или два гола“ – изјави очигледно задоволниот Солскјер по натпреварот.

Ремито значи дека Манчестер јунајтед пропушти прилика да се израмни со Челси според бројот на бодови на четвртата позиција на табелата. Тимот од „Олд Трафорд“ останува на шестото место со 45 бода. Челси и Арсенал имаат по 47.

Се вчитува...