Солскјер на чело на Манчестер Јунајтед до 2024 година!

Манчестер Јунајтед инвестира во нови фудбалери, но истовремено управата на „црвените ѓаволи“ покажа дека има апсолутна доверба во Оле Гунар Солскјер како предводник на екипата. Доказ за тоа е и потпишаниот долготраен договор со норвешкиот стратег, кој ќе остане на чело на „ѓаволите“ најмалку до 30 јуни 2024 година.

Новиот тригодишен договор беше потпишан по кратки преговори меѓу двете страни, а во него има клаузула за продолжување на соработката за уште една дополнителна година. Солскјер пристигна во Манчестер Јунајтед во декември 2018 како привремена замена за Жозе Мурињо, најпрвин потиша договор само до крајот на сезоната, но по добрите резултати на екипата по негово водство управата реши да го задржи.

Јунајтед ја заврши ланската сезона на второто место на табелата, летово веќе беше доведен Џејдон Санчо, во тек се и преговорите за доаѓање на Варан од Реал Мадрид, па јасно е дека од Солскјер ќе се бара шампионска титула во периодот на новопотпишаниот договор.

Се вчитува...