Солскјер: На Јунајтед му требаат трофеи, само ТОП 4 за нас не е успех

По елиминацијата од Лига купот и од ФА купот во само три дена, менаџерот на Тотенхем, Марисио Покетино изјави дека за неговиот клуб е најважно да биде меѓу најдобрите четири екипи во Премиерлигата а не да освои некои од тие трофеи.

Но, не долго по него стигна и еден вид реплика од Оле Гунар Солскјер кој не се согласува со стратегот на Тотенхем…

„Ние сме Манчестер јунајтед и секогаш треба да конкурираме за освојување на Премиерлигата. Оваа година не можеме до тоа затоа што веќе е доцна. Но, следната година сигурно тоа ќе биде главна цел“ – вели Солксјер и дополнува:

„За нас само пласман меѓу најдобрите четири екипи во лигата не може да биде успех. Не е тоа, тоа. Имаме Лига шампиони, ФА куп… Мора да играме за трофеи. Ако освоите трофеј тоа е фантастичен ден за сите во клубот. Тој ден кога ќе освоиш нешто е најубавиот ден во твојот живот, затоа што никогаш не знаеш кога би можел да дојде следниот трофеј“.

Оле Гунар Солскјер настапувајќи за Манчестер јунајтед шестпати ја освои Премиерлигата а еднаш стигна и до трофејот во Лигата на шампионите, кога беше херој на финалниот натпревар против Баерн Минхен.

Се вчитува...