Солскјер: Натпреварот со Лестер не ни ја одредува судбината

Манчестер Јунајтед го дели еден бод од пласман во Лигата на Шампионите следната сезона. Целта треба да ја оствари на денешниот натпревар од последното коло против директниот ривал Лестер. Во пресрет на овој натпревар Јунајтед е на третото место на табелата со 63 бода, Лестер е петтопласиран со еден бод помалку.

„Натпреварот со Лестер не е најважниот во сезоната, но е следниот натпревар, а следниот натпревар секогаш е најважен. Денешниот резултат нема да ни ја дефинира сезоната зато што досега имавме многу дефинирачки моменти“ – вели менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.

За место во елитното натпреварување сезонава на Лестер му е неопходна победа. Во мешаницата околу третата и четвртата позиција е и Челси кој е четвртопасиран со 63 бода, а денеска се среќава со Вулверхемптон. Ако Јаунајтед освои три бода, „ѓаволите“ не само што ќе имаат место во ЛШ туку и ќе завршат на третата позиција на конечнат табела зад Ливрпул  и зад Mанчестер Сити кои се далеку пред конкуренцијата. Теоретски и со пораз од Лестер, Јунајдед би можел во ЛШ ако Челс загуби од Вулверхемптон кој пак се бори за место во Лига Европа.

Се вчитува...