Солскјер не знае каков му е статусот во Молде

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјеr признава дека не знае дали останува под договор со Молде, но вели дека и натаму планира налето да се врати во норвешкиот клуб.

Првичниот план беше Солскјер да дојде на позајмица во Јунајтед, а пoтоа да си се врати во Молде. Сепак на официјалната страница на клубот е повлечена веста за тоа дека тој потпишал нов тригодишен договор. Во интервју, Солскјер велi дека не е сигурен дали догoворот важи.

„Не сум сигурен како функционира тоа. Mислам дека догoворот е истечен и сега имам догoвор само со Манчестер Јунајтед. Веројатно за да се вратам во Молде ќе треба нов договор“ – вели Солскјер.

Објаснувањето всушност е дека менаџер може да има догoвор само со еден клуб без разлика дали е ангажманот е привремен и позајмица. Во меѓувреме се погласни се најавите дека Јунајтед ќе го задржи Солскјер и ќе му даде сигурен статус благодарение на одличните резултати кои со него ги направи екипата.

 

 

Се вчитува...