Солскјер: Немав дилема дека ќе победиме

Манчестер Јунајтед стигна до втората победа во Лигата на Шампионите откако на „Олд Трафорд“ во второто полувреме надокнади негатива од два гола и со пресврт славеше со 3-2 против Аталанта. Херојот на „црвените ѓаволи“ беше Кристијано Роналдо кој во 81. минута од натпреварот донесе водство за својот тим.

По натпреварот тренерот Оле Гунар Солскјер не го криеше задоволството и изјави дека и покрај тоа што неговиот тим губеше со 2-0 по 45. минути игра немал дилеми дека ќе стигнат до победа.

„На полувреме им реков на момците само да го постигнат следниот гол. Дека, ако го направат тоа, сигурно ќе победиме. Беше битно да не примиме нов погодок. Знаев дека во тој случај сигурно ќе победиме. Бевме добри и во првото полувреме само не ги користевме шансите, а тие практично од ништо стигнаа до два гола. Сепак во ниеден момент не престанавме да веруваме. Тоа е навиката на овој клуб“, изјави Солскјер.

По три одиграни натпревари Манчестер Јунајтед се наоѓа на првото место од групата „Ф“ со шест освоени бода, два пред Аталанта и Вилјареал, односно три пред Јанг Бојс.

Се вчитува...