Солскјер: Погба е врвен, па ние тимот го градиме околу него

Оле Гунар Солскјер, по две победи откако е на кормилото на Манчестер јунајтед, се надева и на нови успеси. Норвежанецот вели дека Јунајтед има обврска да реди и во иднина нови успеси, и верува дека така ќе биде кога во тимот е еден од најдобрите европски фудбалери Пол Погба…

„Пол е врвен фудбалер. Тој е еден од најдобрите во светот, посебно во фазата на нападот. Одличен е во скок, одличен во одбрана, асистира, постигнува голови, таков ви треба на секој натпревар. Па, ние го градиме тимот околу него затоа што имаме навистина квалитетни фудбалери“ – вели Солксјер и дополнува:

„Кога победувате сите се среќни. Па сакаме да ја продолжиме серијата. Мора да се концентрираме на мечот со Бурнмаут и да освоиме три бода. Сите фудбалери кои ги имаме оправдано се во клубот. Па секако има добра причина зошто се во еден тим како Манчестер јунајтед, и индивидуалните нивни квалитети може многу да ни помогнат и за следни успеси на тимот“.

Се вчитува...