Солскјер: Преговараме со Погба, сакаме да остане

Манчестер Јунајтед прави дрим-тим кој треба да ја врати славата на клубот. По пристигнувањето на Џејдон Санчо клубот е блиску и до потпис со Рафаел Варан, а преговорите за нов договор со Пол Погба се во тек.

Актуелниот договор на Французинот кој пристигна на „Олд Трафорд“ во 2016 година истекнува на крајот на следната сезона, а и покрај тоа што во неколку наврати 28-годишникот беше блиску до заминување од Манчестер, тренерот Оле Гунар Солскјер верува дека тој и во иднина ќе го носи дресот на „црвените ѓаволи“.

„Клубот и Погба преговараат за нов договор, но целиот фокус е ставен на сезоната која следи. За Погба постојано се говори во медиумите, но без разлика на се, тој секогаш е професионален. Тој е тука да даде се од себе за тимот и верувам дека доколку го продолжи договорот тој ќе остане тука многу долго. Знаеме за каков играч станува збор и тој ја знае нашата позиција. Уживам во времето поминато со него и се надевам дека ќе продолжиме за работиме заедно“, вели младиот стратег.

Се вчитува...