Солскјер: Роналдо повторно нѐ спаси, играчите имаат карактер и никогаш не се откажуваат

После натпреварот со Аталанта, и ремито од 2:2, своите импресии ги искажа менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, кој и натаму си купи време на клупата на Јунајтед. Роналдо повторно го спаси Оле со гол во судиското надополнување за бод од Бергамо.

„Роналдо повторно не спаси. Одиме понатаму и никогаш не се откажуваме. Тоа е фудбалот, никогаш не е доведен во прашање карактерот на играчите. Тие никогаш не се откажуваат. Првиот гол беше грешка на нашиот тим, а од првиот момент игравме фудбал каков што требаше да играме. Беше израмнет натпревар, двата тима напаѓаа на моменти. Мислам дека првиот гол на Аталанта беше офсајд, противнички играч му го попречи видикот на Де Геа“, рече Солскјер.

Се вчитува...