Солскјер: Со Варан и Санчо добивме тим за големи нешта

Манчестер Јунајтед е еден од најактивните клубови на трансфер маркетот ова лето. „Црвените ѓаволи“ кои претходната сезона ја завршија како второпласирани во Премиерлигата, а притоа изборија и финале во Лига Европа во своите редови ги доведоа Џејдон Санчо и Рафаел Варан искусни играчи со кои Оле Гунар Солскјер полека го составува тимот кој треба да го врати клубот онаму каде што припаѓа.

„Мислам дека секој тренер кој ќе се најде во позиција како мојата треба да биде задоволен со тоа што тимот успеал да доведе засилувања навремено. Среќен сум што успеавме да ги потпишеме Санчо и Варан. Мислам дека овие двајца ќе имаат огромен учинок за нас во сезоната која ни претстои, но и на долги патеки. Сега имаме тим за голем успех“, изјави тренерот на Манчестер Јунајтед.

Младиот стратег вели дека со искусниот Варан е комплетирана одбраната, а младиот Санчо е дополнителен „арсенал“ во нападот на овој млад тим.

„Рафаел се наоѓа во најдобрите години како централен бек. Тој и Хари се исто годиште, една година е помлад Ерик Бејли, а тука е и Виктор Линделоф па имаме една одлична група на играчи за овие позиции. Џејдон е дополнување на младиот тим кој го имаме и верувам дека ќе ни донесе многу следната сезона“, додаде норвешкиот стратег.

Се вчитува...