Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер веќе отпиша шест фудбалери за новата сезона.
Како би се собрале средства за сериозни засилувања, Јунајтед мора да се ослободи од неколку фудбалери. Менаџерот Солскјер веќе знае на кого нема да може да смета. Најзвучното име секако е Алексис Санчез, Чилеанецот кој минатата сезона играше на позајмица во Интер.
Јунајтед сака да се ослободи од него, но договорот од 25 милиони евра годишно претставува огромен проблем затоа што тешко е да се најде купувач за него.
Од останатите фудбалер веќе се отпишани и Крис Смолинг, Маркос Рохо, Фил Џонс, Џеси Линград и Диаго Далот. Сите нив „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да ги продадат, и за поголемиот дел не би требало да има проблем во тие намери. Исклучок е Алексис Санчез, кој без сомнение е една од најголемите грешки во историјата на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА