Прв проблем на Солскјер – Марсијал не се појавил на тренинг

Оле Гунар Солскјер по доаѓањето во Манчестер јунајтед им порача на фубалерите дека нема да толерира недисциплина во екипата, и тоа го докажа многу брзо.

Норвежанецот веќе се соочи со првите проблеми откако ги презеде „црвените ѓаволи“, а му ги предизвика Антони Марсијал. Францускиот напаѓач не се појавил на тренингот на Јунајтед закажан за Божиќ бидејќи бил откажан летот од Париз до Манчестер, што го налути Солскјер.

Останатите играчи со тренингот почнале во вторникот во 18 часот, а Марсијал воошто не се појавил. Солскјер одлучил да нема финансиска казна, но Французинот добил јасно предупредување. Доколку Марсијал повторно задоцни на тренинг ќе добие парична казна, а покрај тоа и суспензија.

Воедно, крилниот офанзивец го пропушти последниот натпревар против Хадерсфилд, но се очекува тој да се врати во првиот тим за денешниот дуел со Бурнемаут.

Се вчитува...