Солскјер за Погба: Еден ден ќе разбере дека фудбалот е тимски спорт

Манчестер Јунајтед претрпе голем удар со прераната елиминација на Лигата на Шампионите, што ќе значи и сериозна финансиска загуба за „црвените ѓаволи“. Оле Гунар Солскјер повторно го навлече бесот на навивачите, но во преден план сепак остана Пол Погба, чиј менаџер предизвика вистинска бура на денот на натпреварот објавувајќи дека Французинот е решен да си замине од „Олд Трафорд“.

Солскјер го остави Погба на клупата, францускиот ас потоа влезе во второто полувреме и го постигна вториот гол за Јунајтед, што сепак беше недоволно за целосен камбек во Лајпциг.

„Не сакам да навлегувам во дискусии околу Погба. Ќе кажам само дека еден ден и тој ќе разбере дека фудбалот е тимски спорт. Што побрзо го разбере тоа, толку подобро за него. Задоволен сум од неговото залагање на тренинзите, а за иднината допрва ќе донесена одлука“, изјави Солскјер.

Се вчитува...