Солзи радосници: Младиот Еспозито даде дебитантски гол за Интер и го прослави со мајка му

Младиот фудбалер на Интер, Себастијано Еспозито, вечно ќе го памети натпреварот против Џенова. 17-годишниот Еспозито го постигна дебитантскиот гол за !„нероаѕурите“ откако Ромелу Лукаку му дозволи да изведе пенал, а потоа истрча да го прослави со мајка си. Емотивниот момент се најде на насловните страници на италијанските весници, а на Еспозито му се предвидува голема фудбалска кариера.

Интер за првпат по 2015 година ќе биде на првата позиција на табелата во Серија А за Божиќ, а нема освоено голем трофеј во Италија од 2011 година.

Се вчитува...