Солзите на Бен Арфа: Ги издржа сите неправди во ПСЖ, дојде во Рен и ги победи!

Рен успеа да направи големо изненадување освојувајќи го пехарот во Купот на Франција. Во финалето, по изведување пенали, го совлада големиот фаворит, актуелниот шампион Пари Сен Жермен. Овој трофеј емотивно го прослави Хатем Бен Арфа, фудбалерот кој долго време беше во немилост на раководството на ПСЖ, а потоа се пресели во Рен, и успеа да ги победи.

Повеќе од една година Хатем Бен Арфа тренираше со вториот состав на ПСЖ, под казна беше отстранет од првиот тим, но ги издра сите неправди и со солзи радосници го прослави трофејот во Купот со Рен.

 

Се вчитува...