Солзите на големиот Раниери: Стоечки овации од цел стадион на последниот меч во кариерата (ВИДЕО)

Легендарниот италијански тренер Клаудио Раниери синоќа го имаше последниот свој натпревар во богатата кариера.

Раниери во последното коло од Серија А доби неверојатни овации од целиот стадион во Каљари, но и од фудбалерите на Фиорентина и судиите на мечот, на крајот од својата богата кариера. Успеа да го спаси Раниери тимот од Сардинија од испаѓање, и сега оди во пензија.

Токму затоа 72-годишниот Раниери не можеше да ги сокрие и солзите на синоќешниот дуел, не одолевајќи на прекрасниот момент приреден од целиот стадион.

Раниери во својата богата тренерска кариера беше на чело и на тимови како Фиорентина, Наполи, Валенсија, Атлетико Мадрид, Челси, Интер, Рома, Монак, но секогаш ќе остане запаметен како предводник на најголемото чудо во англискиот фудбал, кога го предводеше Лестер до шампионската титула во сезоната 2015/2016.

Се вчитува...