Солзите сами течеа: Фундербург не можеше да го преболи поразот (ФОТО)

Кенет Фундербург беше еден од лидерите на Блокотехна по трансферот од Фени индустри, но американскиот бек потфрли на денешната мајсторка постигнувајќи само шест поени (1/8 од поле, 4/8 за слободни фрлања).

Поразот од Работнички значеше и крај на сезоната за Фундербург и Блоко, а Американецот свесен за тоа не можеше да ги сокрие солзите. По мечот пријде и неговата девојка, но ниту таа не можеше да го утеши одличниот кошаркар, кој мина неколку минути со раце преку лицето, пред да се упати кон соблекувалната.

Се вчитува...