Сон го разбуди Тотенхем од сонот

Тотенхем оствари минимална, но заслужена победа против Њукасл со 1-0. Јужнокорејскиот интернационалец Хјонг – Мин Сон во 83.минута успеа да го разбие бункерот на гостите и донесе важен триумф за тимот на Маурисио Покетино.

Без повредените Деле Али и Хари Кејн, составот на Тотенхем се соочува со проблеми во офанзивата, но Сон со одличен погодок ги донесе трите бода.

Се вчитува...