Сефер Емини денеска беше официјализиран од данскиот тим Сондерјиске. Како што претходно беше најавено, играчот од средниот ред ја продолжува својата кариера во Данска.
Сондерјиске има големи амбиции сезонава да се врати во прволигашката конкуренција во оваа земја. Емини е дете на Македонија ЃП, а по своите добри настапи го прави својот втор интернационален трансфер. Претходно беше дел од екипата на Акрон Тољати од Русија.
„Среќни сме што потпишавме договор со Емини, кој играше редовно во македонскиот шампионат, а има искуство и во Русија. Станува збор за талентиран играч кој ќе се прилагоди во нашиот тим и ќе ни помогне да оствариме подобри резултати“, кажа спортскиот директор на екипата, Есбен Хансен по промоцијата на Емини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА