„Сонот на Мбапе е да го облече дресот на Реал, и тоа нема никаква врска со доаѓањето на Меси во ПСЖ“

Килијан Мбапе сакаше да го напушти ПСЖ и да премине во редовите на Реал Мадрид.

Шпанскиот новинар Хозе Луис Санчез, кој секогаш има максимално веродостојни информации од Реал, тврди дека Мбапе силно посакува да дојде во Мадрид до крајот на летниот преоден рок.

„Килијан Мбапе е опседнат со идејата да стане нова ѕвезда и главен играч на Реал Мадрид. Сака да дојде во следните две недели“ – вели Санчез кој тврди дека оваа одлука не ја донел поради потписот на Лионел Меси за ПСЖ.

„Потписот на Лионел Меси нема никаква врска со ова. Сонот на Мбапе да го облече дресот на Реал е од многу поодамна“.

„Кралевите“ веќе подготвија 150 милиони евра за доведување на Мбапе кој во дресот на ПСЖ има 173 натпревари од доаѓањето во 2017 година, и постигнати 133 гола.

Се вчитува...