Сонот на младиот турски фудбалер се претвори во кошмар: Операција и пауза до крајот на годината

Младиот турски фудбалер Арда Гулер, ова лето го направи трансферот од соништата. Од Фенербахче се пресели во Реал Мадрид, и веќе се наметнуваше како прва опција за тренерот Карло Анчелоти во кралскиот клуб, иако има само 18 години. На првите тренинзи покажа што знае, но неговиот сон може да биде срушен.

Гулер за време на подготовките во Турција го повреди коленото, по што предвреме го напушти тимот кој се наоѓа во САД и се врати во Мадрид, но на лошите вести им немаше крај.

Клубот му сугерира на младиот играч да прави операција на менискусот, која може да го оддалечи од терените пет месеци. Сонот на Турчинот се претвори во кошмар. Играчот и натаму размислува дали да оди на операција, но ќе мора да ги слуша советите од својот клуб доколку сака да се наметне како идно решение во средниот ред во најтрофејниот клуб по европски титули.

Се вчитува...