Новак Ѓоковиќ со уште едно неверојатно достигнување си го обезбеди местото меѓу тениските богови откако Србинот стигна до фантастични 100 титули во кариерата. Откако предолго го чекаше овој јубилеј, Новак стигна до трофејот на турнирот во Женева, откако со голем пресврт го совлада Хуркаш во големото финале, со 2-1 во сетови.
Цел меч се играше максимално израмнето, а дуелот го решија нијанси. Хуркаш го доби првиот сет со 5-7, и тоа откако Ѓоковиќ во најважниот поен направи двојна сервис грешка. Вториот сет донесе голема битка и се решаваше во тајбрејк, во кој српскиот тенисер беше поумешен триумфирајќи со 7-2.
Наместо да продолжи во ист ритам, Ѓоковиќ потклекна во првиот гејм од третиот сет, при 40-30 направи двојна сервис грешка, а потоа со неизнудена грешка му подари брејк на противникот. Новак немаше освоено ниту еден поен на првите три сервис-гејма на противникот, но при 4-3 Србинот собра сили за камбек, користејќи ја втората брејк-топка за да стигне до израмнување од 4-4.
Финалето беше решено во тајбрејк, во него беше израмнето до 2-2, по што Ѓоковиќ успеа да се одлепи резултатски и да слави со конечни 7-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА