Сопка за Шкупи…нервоза на Чаир, домаќините гневни на Ставрев (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкупи не успеа да стигне до посакуваниот триумф на денешниот дуел на Чаир против Силекс. Иако домаќините први поведоа со голот на Омар Имери, сепак, Силекс возврати брзо, преку Кристијан Филиповски.

Потоа имаше и нервозни моменти на Чаир. На гостите им одговараше да не загубат, си се дружеа често и со лекарската служба и со носилките, а тоа доведе до нервоза кај фудбалерите на Шкупи и кај публиката. Секако, на крајот судијата Александар Ставрев беше „прозваниот“…

 

Се вчитува...