НФЛ ѕвезда на раб на смртта: Сопругата го фатила гол во кревет со братот и љубовницата

Членот на НФЛ екипата на Балтимор Рејвенс, Ерл Томас бил во животна опасност откако сопругата Нина го „фатила“ гол во кревет со неколку жени, но и со неговиот роден брат. Како што се наведува Нина вперила пиштол кон Томас.

„Нервозната Нина впери 9-милиметарска ‘Берета’ во главата на Ерл, пред да успеа да и го одземе пиштолот. Само поради среќната околност, и брзата реакција успеал да си го спаси животот“, изјави извор близок до семејството. 

Веднаш по настанот на лице место пристигнала и полиција, која ја уапсила Нина поради напад со смртоносно оружје. Сепак, брзо била пуштена од затвор. Ерл и Нина се во врска уште од средно училиште, а заедно имаат и три деца.

Томас пред Балтимор беше дел од Сиетл Сихокс каде беше дел од легендарната одбранбена „Легија на бум“ која двапати играше во Супербоул, а еднаш успеа да го освои.

Се вчитува...