Сопругата даде дозвола: Модриќ го продолжи договорот со Милан

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ потпиша нов едногодишен договор со Милан, соопшти италијанскиот клуб. Модриќ ја продолжи соработката со Милан за уште една година, па така ќе остане член на клубот до следното лето.

Еден од најдобрите играчи за врска на 21-от век пристигна во Милан минатото лето како слободен играч, по една цела ера помината во Реал Мадрид. Неговиот договор истече на крајот од минатата сезона, по што тој размислуваше дали сака да ја продолжи кариерата.

Четириесетгодишниот фудбалер, по разговорот со новиот тренер Рубен Аморим, одлучи да игра за Милан и следната сезона, откако Португалецот јасно му стави до знаење колку го цени Модриќ.

Следната сезона, Лука ќе заработува околу 3,5 милиони евра нето, плус дополнителни бонуси. Минатата сезона, 40-годишниот играч за врска забележа учинок од два гола и три асистенции на 34 натпревари во Серија А.

На оние четири натпревари на кои тој не настапи, Милан забележа само една победа.

Се вчитува...