Сопругата и ќерките на Гвардиола спасиле жива глава на концертот во Манчестер

Сопругата на Пеп Гвардиола, Кристина Сера заедно со ќерките, Валентина и Марија присуствувале на трагичниот концерт во Манчестер арената, каде вчера по две експлозии 22 лица ги загубија своите животи, додека 59 се повредени. Нападот во арената се случи за време на повеќечасовниот настап на познатата американска пејачка, Аријана Гранде.

Иако сопругата и двете деца на Гвардиола се во ред, се уште се потресени од трагедијата, како и сите други кои биле присутни во тие моменти во арената. Поддршка и сочувство за загинатите се шири на сите социјални мрежи, од најобичен граѓанин до најпознатите лица од естрадата и спортската јавност.

Се вчитува...