Сопругата на Алиловиќ: Некој ни ја искрши куќата…ах, таа проклета репрезентација!

Ракометната репрезентација на Хрватска не успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на Европското првенство, а од гневните фанови „настрада“ вилата на голманот Мирко Алиловиќ. Неговата сопруга, убавата Ива, збесна, и вината ја пронајде во настапот на својот сопруг за репрезентацијата.

„Синоќа после натпреварот, некој со камења ги искршил прозорците и покривот на кужата на Раб. Направена е голема штета. Ги молам мештаните да видат за што се работи. Го проколнувам секое негово одење во таа проклета репрезентација. Ова му е последно!“, напиша Ива Алиловиќ на социјалните мрежи.

Се вчитува...