Сопругата на Кими удри по Хамилтон: Ако толку плачеш, оди на балет

Луис Хамилтон предизвика бура од реакции со коментарот по трката на „Силверстоун“, изразувајќи сомнеж дека судирот со Кими Раиконен е „тимска тактика“ на Ферари. Тој беше критикуван од актуелни и поранешни возачи, кои јасно му порачаа на Хамилтон дека треба да научи и да губи, но најжестоко по Британецот удри сопругата на Кими, Минту Раиконен.

Ако плачеш како девојче секогаш кога ќе загубиш, оди на балет“ – му порача Минту Раиконен на Хамилтон.

Таа се надоврза на легендарниот Џеки Стјуарт, кој истакна дека Хамилтон треба да престане да се однесува како „мала балерина“.

Се вчитува...