Еден од најдобрите руски кошаркари на сите времиња, Андреј Кириленко има „либерален брачен живот“ за што сведочи и неговата сопруга, руската пејачка Марина Маша Лопатова.
Кириленко, кој во својата богата кариера играше за Јута, Минесота и Бруклин во НБА лигата, има три сина и една ќерка со Марина. Интересно е дека Маша му дозволува на Андреј да ја изневери еднаш годишно. Тоа јавно го призна во разговорот за ЕСПН.
„Спортистите се многу атрактивни и очекувано е постојано да бидат напаѓани од жени. Тешко е секогаш да одолеат на ‘нападите’, затоа што тоа е во машката природа. Свесна сум за тоа и затоа со моја дозвола оставам да ме изневери еднаш годишно, а јас да знам за сето тоа. Тоа не неверство. Подобро еднаш отколку постојано“ – вели Маша.
Но, Андреј тврди дека никогаш не ја изневерил својата сопруга. Останува само да се верува на неговиот збор…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА