Сопругата на Коби Брајант емотивно ја одбележа годишнината од бракот (ФОТО)

Минаа три месеци од трагичната смрт на легендарниот Коби Брајант кој со својата ќерка Џана го загуби животот во хеликоптерска несреќа. Неговата сопруга Ванеса остана сама низ животот да ги води останатите три ќерки.

Трагичната смрт на Коби го потресе светот, но јасно најголемата болка е на Ванеса и неговите ќерки. Ванеса вчера прослави 19 години од бракот со една фотографија од архива и емотивна посвета на својот Коби.

„Мој кралу, срце мое, мој најдобар пријателу. Се најдобро за 19-годишнината од бракот, душо. Премногу ми недостасуваш. Би сакала да си тука и да ме држиш во прегратките. Те сакам“ – напиша Ванеса, која традиционално на овој ден доби букет ружи. Но, овојпат не од Коби туку од своите ќерки, еден испрати и По Гасол, големиот пријател на Коби Брајант.

Се вчитува...