Сопругата на Конте ја прекина прес-конференцијата на Челси (видео)

Антонио Конте како да нема доволно проблеми со слабите резултати на Челси, па италијанскиот стратег денеска се соочи со нова главоболка, поради лошиот „тајминг“ на неговата сопруга.

Конте говореше на прес-конференција пред дуелот со Барнли, кога среде изјава зазвони неговиот мобилен телефон.

„Се извинувам, мојата сопруга. Секогаш се јавува во погрешен момент“ – со насмевка коментираше Конте, потоа давајќи предлог на новинарите: „Треба да ме казните. Знам колку мене ме нервира кога на вас ќе ви се случи истото, затоа сега јас заслужувам казна“.

Се вчитува...