Сопругата на Михајловиќ се отвори: Сите сме борци во битката на животот, но некои водат, а некои следат

Поранешниот селектор на Србија, Синиша Михајловиќ беше во многу лоша состојба поради порочната болест со која се справуваше.

Поддршката од неговите најблиски не се намалува, па овојпат неговата сопруга Аријана ја сподели најновата фотографија, а под неа му испрати прекрасни зборови.

Имено, потсетуваме дека Михајловиќ веќе неколку пати беше хоспитализиран, одвреме-навреме му се подобрувала состојбата и постојано продолжувал да се бори.

Полна со поддршка, неговата сопруга Аријана Михајловиќ, на својот Инстаграм профил сподели објава на која на италијански напиша: „Сите сме борци во битката на животот, но некои водат, а некои следат“.

 

 

Се вчитува...