Сопругата навива Геце да се пресели во Милано

„Златното момче“ на германскиот фудбал, Марио Геце, кој во 2014 година постигна победнички гол во финалето на мундијалот, е пред заминување од Борусија Дортмунд. Се уште размислува дали да се пресели во Премиер – лигата, каде за него се интересираат Њукасл и Астон Вила, или пак да замине во Италија и да го облече дресот на Милан.

Неговата прекрасна сопруга Ан-Катрин Бромел посакува Милано, градот на модата, да биде нивната следна дестинација во животот. Германскиот модел верува дека Милано ќе и отвори нови хоризонти во модниот бизнис.

Геце е во тесните планови на Ралф Рангник, кој по завршувањето на сезоната треба и официјално да ја преземе функцијата спортски директор во италијанскиот калчолигаш Милан.

Проблем е висината на платата на Марио Геце. Тој во Борусија Дортмунд заработува 7 милиони евра по сезона и ќе мора да се сложи на значително намалување доколку сака да пристигне на „Сан Сиро“. Милан не е подготвен да понуди повеќе од 4,5 милиони евра годишно.

Се вчитува...