Сопственикот на Далас, Марк Кубан го згрижил Делонте Вест. Тој со сопственото возило отишол на бензинската пумпа каде што престојувал поранешниот НБА играч и му понудил помош. Ова е последната информација во трагичната приказна за екс кошаркарот кој страда од биполарно нарушување, живее на улица и се бори со зависности.
Кубан потврди дека бил лично да го земе Вест. Сопственикот на Далас бил дел од НБА групата која работела на случајот на поранешниот играч кој сега е бездомник. Семејството и пријателите на Вест долго време се обидувале да го однесат на рехабилитација, а Кубан сега понудил да плати за третманот.
Кубан решил понитензивно да се занимава со случајот откако минатата недела се појавија фотографии од питачи низ Далас на кои беше и Вест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА