Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер aл Келаифи, ќе одговара за давање мито откако финансискиот суд во Париз почна процес против него за „активна корупција“ поврзана со атлетското Светското првенство во Доха. Тој е обвинет дека го потплатил првиот човек на Светската атлетска федерација. Неговите адвокати го отфрлаат обвинението.
Според обвинението, Ал Келаифи заедно со Јусев Ал Обаидли, актуелниот шеф на Беин Групацијата, се обиднети дека му платиле 3,5 милиони долари на тогашниот претседател на интернационалната атлетска федерација, Ламине Диак за Доха да биде домаќин за Светското првенство во 2017 година.
Од март годинава, Ал Келаифи беше кооперативен сведок на обвинителството.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА