Се договорија Мбапе и „големиот газда“ од Катар: Зидан ќе биде нов тренер на ПСЖ

Парижаните и ова лето ќе бидат „главни“ на фудбалската сцена, нивната мисија е јасна, создавање на тим за освојување на Лигата на шампионите. Големиот газда на ПСЖ, катарскиот емир, Тамим бан Хаман ал Тани е подготвен лично да допатува во Париз, за по потписот на Килијан Мбапе да го убеди Зинедин Зидан да го преземе кормилото на „светците“.

Потписот на новиот договор на Мбапе се чини како завршена работа, што ќе биде официјализирана во јавноста до крајот на викендов. Како што веќе беше објавено, голгетерот ќе има влијание и врз одлуката за тренер на екипата, а тука нема сомнеж дека Маурицио Покетино ги има потрошено сите кредити. Аргентинскиот стручњак ќе добие отказ една година пред истекот на договорот, а заедничка желба на Ал Тани и на Мбапе е на „Паркот на Принцовите“ да пристигне Зидан, човекот кој веќе покажа дека добро знае како се стигнува до европската круна.

Судбината на директорот Леонардо е речиси запечатена како онаа на Покетино, а големиот газда нема преголема доверба ниту во Насер ал Келаифи. Затоа, Ал Тани лично ќе допатува од Доха во Париз, на преговори со Зидан, за да му даде целосна поддршка и гаранција на Французинот за да го прифати кормилото на „светците“.

Дури по доаѓањето на Зидан, со новиот тренер ќе биде дискутирано околу потенцијалните засилувања за наредната сезона, за кои се очекува ПСЖ повторно да обезбеди буџет од најмалку 150 милиони евра.

Се вчитува...