Соседското дерби во „црвено-црно“, Шкупи го победи Пелистер

Вардар го совлада Работнички со 2-0 во соседското дерби на „Телеком Арена“ и ја задржа предноста од шест бода во однос на Шкендија, која со 5-1 очекувано беше подобра од Македонија ЃП. Шкупи го зема скалпот на Пелистер (1-0) на Чаир, а и Силекс освои три бода на домашен терен против Ренова, совладувајќи ги „гипсарите“ со 2-0. Победа и Брегалница одиграа без голови.

Вардарци успеаја да ги искористат своите шанси на дербито со Работнички и заслужено славеа со 2-0. Во 39.минута, Дамир Којашевиќ го отвори резултатот по проигрувањето на Демири, а Бобан Николов стави точка на триумфот со гол во судиското продолжение од мечот. „Романтичарите“ имаа свои шанси преку Иван Вуковиќ и Момчило Рашо во второто полувреме, но не ги искористија.

vardar - rabotnicki novo 1

Шкендија немаше проблеми да стигне до трите бода на дуелот со Македонија ЃП, славејќи со 5-1. Уште по првиот дел, тетовци остварија предност од четири гола. Дино Меѓедовиќ го отвори резултатот во десеттата минута, Ибраими од пенал зголеми на 2-0 во 28.минута, а две минути подоцна постигна и уште еден погодок. Во 42.минута, повторно и Меѓедовиќ се запиша меѓу стрелците за убедливи 4-0. Во вториот дел, Меѓедовиќ стигна и до хет – трик во 55.минута, а потоа и Јане Иваноски постигна прв гол за „лавовите“.

Во Кратово, Силекс ја совлада Ренова со 3-0. Силекс рано поведе во Кратово против Ренова со голот на Александар Пановски во седмата минута. Пред крајот на првиот дел, Антонио Каланоски постигна и втор погодок за кратовскиот тим, најавувајќи го триумфот на тимот на Жикица Тасевски. Во последните моменти од средбата, Игор Недељковиќ постигна трет погодок, за триумф од 3-0 на Силекс.

IMG_7479

На Чаир, Шкупи го зема скалпот на Пелистер, победувајќи со 1-0. Шкупи го отвори резултатот во 21.минута, откако Муарем Бајрами нафрли од левата страна од слободен удар, Пашовски не реагираше најдобро и топката отседна во мрежата. По ова, домашните имаа уште неколку одлични шанси, но голманот Пашовски го спасуваше Пелистер од поубедлив пораз.

IMG_7392

Во Прилеп, Победа и Брегалница ремизираа без голови.

РЕЗУЛТАТИ ПРВА ЛИГА, 24.КОЛО

ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 2-0

ШКЕНДИЈА – МАКЕДОНИЈА ЃП 5-1

ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 1-0

ПОБЕДА – БРЕГАЛНИЦА 0-0

СИЛЕКС – РЕНОВА 3-0

Табела: Вардар 56, Шкендија 50, Работнички 39, Пелистер 36, Силекс 34, Ренова 31, Шкупи 25, Победа 21, Македонија ЃП 16, Брегалница 13.

Се вчитува...