Сосиедад за едно полувреме го реши Виљареал… (видео)

Противникот на Вардар во Лигата на Европа, екипата на Реал Сосиедад ја запиша и втората победа во 2. коло од шпанската Примера, славејќи убедливо против Виљареал со 3-0.

Сосиедад целата задача на денешниот дуел си ја реши во првото полувреме кога беа постигнати сите три гола. Најпрво во 25. минута Вилијан Хозе погоди за 1-0, потоа Прието во 34. минута зголеми на 2-0 за да конечните 3-0 ги постави Хуанми во 45. минута од натпреварот…

Real Sociedad vs Villarreal 3-0 All Goals… by goalz1

Се вчитува...