Состав на Косово: Без осум играчи, но офанзивно кон голот на Македонија

Селекторот на Косово, Бернард Шаландес се соочува со сериозни проблеми околу креацијата на составот за денешниот натпревар против Македонија во полуфиналето од плеј-оф баражот за пласман на ЕП.

Косово ќе биде без осум стандардни репрезентативци, Милот Рашица, Воча, Крезиу, Халими и Ујкани кои недостасуваат поради повреди, слично како и Ведат Муричи од Лацио. Амир Рахмани, пак, поради Ковид-19 во неговиот тим не доби дозвола за напуштање на карантинот, а последен кој ќе недостасува е Бернард Бериша.

Но, и наспроти бројните отсуства Шаландес најавува офанзивна формација, спротиставувајќи се со 4-2-3-1 против Македонија.

Аријант Мурич ќе биде на голот, откако претходно досега беше постојано на клупата за резерви, а дефанзивната четворка ќе биде со Мергим Војвода, Ибрахим Дрешевиќ, Фидан Алити и Бенјамин Кололи. Двајцата последни играчи за врска ќе бидат Херолинд Шала и Валон Бериша, веднаш зад офанзивната тројка од средниот ред Флорент Хадерѓонај, Бершант Челина и Арбер Зенели. Најистурен во нападот сосема очекувано Нухиу.

Како што пренесуваат дел од косовските медиуми, единствената дилема на селекторот Шаландес ќе биде дали на офанзивната десна крилна позиција да биде Хадерѓонај или Едон Жегрова.

Се вчитува...