СОСТАВИ: Ангелов и Недановски на трибините против Барса

ЕКИПА во Келн,Стеван Цаневски, Игор Паневски На неколку часа пред почетокот на историскиот меч за РК Вардар, познати се и официјалните состави на македонскиот првак и на Барселона за вториот полуфинален натпревар од овој фајналфор турнир во Келн.Раул Гонзалес ги избра ракометарите кои денеска со почеток во 18 часот ќе му се спротивстават на каталонскиот гигант, а во однос на играчите кои допатуваа во Келн, изборот беше Петар Ангелов и Владо Недановски да го следат ова полуфинале од трибините на „Ланксес арена“.Боите на Вардар на овој историски меч за македонскиот првак ќе ги бранат: Арпад Штербик, Страхиња Милоќ, Стојанче Стоилов, Рожерио Мораеш, Хорхе Македа, Александер Деревен, Игор Карачиќ, Алекс Душебајев, Илија Абутови, Хоан Канелјас, Лука Циндриќ, Иван Чупиќ, Тимур Дибиров, Данил Шишкарев, Вуко Борозан и Мијајло Марсениќ.Според официјалните најави, „вардарци“ ќе настапат во своите црвено-црни дресови, додека Барса ќе игра со својата резервна варијанта, со зелени дресови на ова полуфинале.sostavi finale

Се вчитува...