СОСТАВИ: Баерн без Горецка, ПСЖ без Италијанците

Маурицио Покетино реши да не ризикува со Верати и со Флоренци во стартниот состав за вечерашниот реванш против Баерн Минхен. Двајцата италијански репрезентативци беа позитивни на коронавирус, но имаа два негативни теста, а вчера одработија и еден тренинг со тимот на ПСЖ. Сепак, Покетино не сакаше да ризикува и да го почне мечот од првата минута со нив, па Дагба доби предност пред Флоренци како десен бек, додека Дракслер ќе биде стартер на местото на Верати.

Што се однесува до Баерн Минхен, Ханси Флик сепак нема да може да смета на Леон Горецка, по повредата што фудбалерот за врска ја заработи во првото полувреме од дуелот на „Алијанц Арена“ меѓу овие два ривали. Горецка допатува во Париз со експедицијата на баварскиот гигант, но сепак нема да настапи, Алаба ќе го заземе неговото место во средниот ред, додека во одбраната ќе се најдат Боатенг и Хернандез.

ПСЖ – БАЕРН

ПСЖ: Навас, Дагба, Данило, Кимпембе, Диало, Геј, Паредес, Дракслер, Ди Марија, Нејмар, Мбапе.

БАЕРН: Нојер, Павар, Дејвис, Хернандез, Боатенг, Кимих, Алаба, Коман, Сане, Милер, Чупо Мотинг.

Се вчитува...