Состави: Баерн без уште еден клучен играч, Зидан со Ковачиќ пред Кашемиро

Јуп Хејнкес се соочи со нов проблем за вечерашниот реванш против Реал, откако тренерот на Баерн во последен момент остана и без помошта на Хави Мартинез. Шпанецот се повреди на првиот меч и беше најавено дека ќе може да игра во Мадрид, за на два часа пред натпреварот лекарите да го променат ставот, па на негово место во првиот тим ќе се појави Толисо.

Очекувано, Алаба се враќа на зицијата лев бек, а во одбраната Суле ќе го заземе местото на повредениот Боатенг.

Во таборот на домаќините, Васкез очекувано ќе стартува како десен бек на местото на повредениот Карвахал. Бензема се враќа во стартниот тим откако беше резерва во Минхен заедно со Асенсио, а изненадување е што во средниот ред Зидан му даде предност на Ковачиќ пред Кашемиро.

РЕАЛ МАДРИД – БАЕРН МИНХЕН

РЕАЛ: Навас, Васкез, Рамос, Варан, Марсело, Крос, Ковачиќ, Модриќ, Асенсио, Роналдо, Бензема.

БАЕРН: Улрих, Кимих, Алаба, Суле, Хумелс, Тијаго, Толисо, Хамес Родригез, Рибери, Милер, Левандовски.

Се вчитува...